Данскиот Оденсе се пласира во финалето на Лигата на шампионите, откако ја доби драмата со францускиот Мец и славеше со 31-29.
Предводен од ветеранката Катрин Лунде, која имаше свое шоу и одбрани 40% од ударите на ривалките, Оденсе обезбеди место во битката за титула.
Мечот во регуларниот дел заврши 27-27, но во продолженијата подобар беше Оденсе и Мец мораше да се помири со пораз.
Најдобри стрелци кај победникот беа Тале Делиа со шест гола, како и Ауне, Халилчевиќ и Хојлунд со по четири, додека кај Мец голманката Дарле имаше девет одбрани, а Грание, Грандво, Буктит и Жак имаа по пет гола.
Во битката за титула, Оденсе ќе игра против Ѓер од 18:00 часот, а за трето место од 15:00 часот ќе играат Мец и Есбјерг.