Два од трите ривали на Македонија на ЕП, Данска и Португалија, денеска играа пријателски натпревари.
Данска по ремито на паузата против Норвешка, 16-16, најмногу по заслуга на голманот Бергеруд, во второто полувреме комплетно го надиграа големиот ривал. Гол шоу имаа Матијас Гидсел со десет и Симон Питлик со девет погодоци и со серија од девет гола по 17-16, Данска отиде на 26-16 и немаше дилеми до крајот околу победникот.
Португалија водеше со пет гола по првиот дел против Египет, 16-11, но „фараоните“ доминираа во второто полувреме и на крајот извлекоа реми против „хероите од морето“. Десниот бек Франциско Кошта беше најдобар стрелец со девет гола во португалскиот состав.
Германија славеше пред 15.000 гледачи во „Арена Загреб“ против Хрватска со 32-29. Давид Шпет имаше 14 одбрани на голот на Германија, а Кнор, Гола и Ушчинс имаа по пет гола, додека за Хрватска, новиот голман на Охрид, Дино Славиќ собра седум одбрани за 15 минути, а најдобри стрелци беа Мартиновиќ и Шоштариќ со по шест гола.
Победи забележаа и Шпанија, Шведска, Швајцарија, Русија, Холандија…
Пријателски натпревари:
Шведска – Бразил 33-24
Русија Б – Кина 32-29
Русија А – Белорусија 31-28
Португалија – Египет 31-31
Норвешка – Данска 26-34
Швајцарија – Украина 38-27
Шпанија – Словачка 43-26
Хрватска – Германија 29-32
Македонија – Бахреин 32-28
Холандија – Грција 32-26


























