Актуелниот израелски шампион Макаби Ришон Ле Зион, продолжи со победничката серија во домашното првенство.
Тимот на најдобриот голман во Израел за минатата сезона, Градимир Чаневски, славеше во градското дерби против Хапоел Ришон Ле Зион со 32-29.
Македонскиот чувар на мрежата беше најдобар кога беше најпотребно. Тој забележа 13 одбрани, а три од нив беа во последните десетина минути кога се кршеше резултатот и му запре два удари на Прибак.
Макаби Ришон Ле Зион сега има 27 бодови на втората позиција на половина од плеј-офот, а во следната рунда му гостува на Хапоел Холон.