ШОКАНТНО: Некогашен ракометар на Вардар загина во експлозија на бомба!

Некогашниот ракометар на младинската екипа на Вардар, Мартин Сипковски, кој последните неколку години се занимаваше со манекенство, загинал во експлозијата што се случила во Белград на 1 октомври.

Како што пишува српскиот „Телеграф“ дури денеска е потврден идентитетот на загинатиот, а според пишувањата на српските медиуми, тој загинал поради нестручно ракување со експлозивна направа.

Главниот град на Србија беше потресен од силна експлозија во стан на улица Косовска, на само неколку метри од зградата на Народното собрание. Сипковски починал на лице место, а неофицијално во станот е пронајден воен експлозив што се користи исклучиво во специјални операции.

Поради повредата на вратот, Сипковски прекина со активно играње ракомет, а потоа беше дел од светот на модата.

Повеќе детали за овој настан може да прочитате ТУКА, ТУКА и ТУКА.