Српскиот првак Војводина славеше во дерби дуелот против Партизан со 30-25 во 15 коло од тамошниот шампионат, но таа победе беше скапо платена.
Еден од најталентираните ракометари во светот, кој првите ракометни чекори ги имаше во Металург, а играше за Охрид и Вардар, го чека нова пауза од ракометните терени.
Средниот бек се врати по паузата на пријателските натпревари пред две недели, а одигра и натпревар од српскиот Куп. Но на денот на мечот со Партизан, нов шок за Војводина.
„Додиќ станал утрото и изгубил дел од мускулот. Никој не знае зошто, поради што. Изгубил 30% од мускулот. Навистина сум шокиран, нервозен и тажен. Мислам дека тоа дете требаше да биде некој што ќе ја носи репрезентацијата и Војводина во наредните сезони. Бев во шок кога кондицискиот тренер ми ја соопшти ваквата вест. Знам дека сите во клубот ќе направиме се, дека ќе се обратиме кај сите доктори низ цела Европа, да видиме што е вистинската дијагноза. Веројатно не беше вистинската досега. Доби зелено светло да игра, но….не знам што ќе биде со него и со неговата кариера“, изјави тренерот Борис Ројевиќ, а пренесува „Моцарт Спорт“.
По заминувањето од Македонија и од Вардар, Додиќ мина една сезона во хрватскиот Загреб, а потоа се пресели во словенечкиот Целје, каде не се снајде најдобро.
Иако сите мислеа дека Додиќ во финишот на оваа сезона ќе го покаже сиот свој квалитет, сепак тоа нема да биде случај.