Голем удар за машката репрезентација на Романија – еден од најдобрите играчи, Демис Григорас, нема да настапи на претстојното Европско првенство во јануари.
Десниот бек на Татабања доживеа повреда на менискусот и лигаментите за време на натпреварот против Ференцварош. Медицинските прегледи потврдија дека ќе мора да оди на операција, што значи дека ќе паузира неколку месеци.
Со оваа повреда, Григорас сигурно го пропушта ЕП, на кое Романците се во група со Македонија, Португалија и домаќинот Данска.
Во поширокиот состав на романскиот национален тим се наоѓаат уште тројца десни бекови – Јонут Станеску, Богдан Манеску и Роман Додика, но ниту еден од нив не е од калибарот на Григорас, што дополнително ја комплицира ситуацијата за селекторот Георге Буричеа.


























