Тимот на Нант успеа да остане непоразен во дербито на 15 коло од францускиот шампионат со ПСЖ, откако израмни во последната секунда, 31-31.
Швајцарскиот репрезентативец Ноам Леополд му донесе голем бод на Нант, кој ќе остане во трка за титулата и на негатива од два бода од лидерот ПСЖ.
Гостите од Париз имаа водство со 31-30 и напад, но Пранди не реализираше на десетина секунди до крајот.
Тргна домашна акцијја, Тибо Брие додаде до левото крило Ноам Леополд, кој успеа да погоди за голема домашна радост.
ПСЖ има 29 бодови на првото место на табелата, Нант е втор со 27, што е најава за интересен пролетен дел од сезоната во Франција.

























