Голем удар за францускиот првак ПСЖ – данскиот репрезентативец Јакоб Холм објави дека претрпел тешка повреда на Ахиловата тетива и веќе бил опериран.
Веста ја соопшти самиот играч преку Инстаграм, објаснувајќи дека го очекува долга пауза и период на рехабилитација.
„За жал, се потврди она од што најмногу се плашевме…руптура на Ахиловата тетива и долга пауза пред мене. Денеска бев опериран и сè помина според планот. Ви благодарам за сите пораки и мисли – срцето ми е полно“, напиша Холм на Инстаграм.
Иако оваа сезона имаше ограничена минутажа, поранешниот играч на Фуксе Берлин беше важна опција за тренерот Раул Гонзалес во бековската линија.
Холм сигурно ќе го пропушти финалето на Купот на Франција против Монпелје што ќе се одигра овој викенд, како и остатокот од сезоната во лигата.
ПСЖ сè уште не излезе со официјално соопштение за сериозноста на повредата и очекуваното времетраење на отсуството, но се претпоставува дека ќе биде над неколку месеци. Практично, се доведува во прашање и почетокот на сезоната 2025/2026 за данскиот бек.