Десниот бек Хари Павлов нема да заигра за австрискиот тим Холабрун до крајот на оваа сезона.
Тимот кој е предводен од македонскиот стратег Влатко Митков, ќе мора да се снаоѓа без Павлов, кој ќе мора да прави операција поради сериозна повреда на коленото.
На мечот со Линц, Павлов се судри со противнички играч и поради сериозната на повредата веднаш беше пренесен во болница.
По деталните лекарски прегледи, утврдено е дека ќе мора да биде направена операција и нема да може да игра до крајот на сезоната.
Во Холабрун, кој е предводен од Митков, настапува и поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Филип Арсеновски, како и двајца екс членови на Охрид, Рудолф Сафранко и Гал Цирар.

























