Кружниот напаѓач и дефанзивец на Кил, Хендрик Пекелер, успешно ja оперираше Ахиловата тетива. „Операцијата помина успешно“, изјави клупскиот лекар д-р Филип Либке. Сепак, тој најави подолг период на рехабилитација за 33-годишниот ракометар: „Во зависност од текот на опоравувањето, ‘Пеке’ ќе отсуствува меѓу шест и осум месеци.“
Пекелер се повреди во 19. минута од последниот натпревар во сезоната против Ајзенах, во една наизглед обична ситуација за професионалниот ракомет. По добиен дуел за топката, почувствувал силна болка и веднаш паднал на теренот. Итната МРТ-дијагностика, ги потврди најлошите стравувања — раскината Ахилова тетива на левата нога.
Директорот на клубот, Виктор Силаѓи, изјави: „Оваа повреда беше и останува шок за сите во Кил. На Хендрик му посакуваме брзо и целосно закрепнување.“