Египетските медиуми пишуваат дека ракометарот на Келце, Хасан Кадах, ќе ја заврши својата епизода во полскиот клуб и ќе се врати во својата татковина.
Според информациите од Африка, Кадах ќе потпише договор со Замалек, клубот од кој се пресели во Келце.
Медиумите од земјата на „фараоните“ тврдат дека трансферот ќе биде официјализиран на почетокот на новата година, а левиот бек ќе стави потпис на договор во траење од две и пол години.
Ова значи дека со крајот на тековната година ќе заврши и неговата неуспешна авантура во редовите на повеќекратниот шампион на Полска, иако имаше договор до 2027 година.
Кадах не успеа да ги исполни очекувањата на клубот и навивачите, а причината за тоа најчесто беа повредите кои го следеа низ целата негова полска етапа.

























