Шок за Хрватска во последната секунда, Унгарија ја торпедира Италија

Селекцијата на Хрватска по триумфот на првата контрола против Швајцарија, во вториот меч одигра само реми, 35-35.

Иако избраниците на Дагур Сигурдсон водеа со 35-34, сепак Зендер им даде гол од далечина во последната секунда и немаше веќе време за нов напад.

Најдобар стрелец кај Хрватска беше Мартиновиќ со осум, Главаш даде пет, а идниот вардарец Љевар стрелаше четири пати. Кај Швајцарија, Самуел Зендер даде 11 гола.

Унгарија прослави убедлив триумф над Италија, а ист беше случај и со Данска и Норвешка, додека Шведска вторпат го победи Исланд на гостински терен.

Пријателски натпревари:

Унгарија – Италија 30-19
Австрија – Македонија 30-30
Хрватска – Швајцарија 35-35
Холандија – Норвешка 31-38
Данска – САД 41-24
Исланд – Шведска 27-30