Шок за Хрватска – остана без Звонимир Срна до крајот на ЕП!

Селекцијата на Хрватска во клучниот натпревар за пласман во полуфиналето против Унгарија во среда најверојатно ќе биде без Звонимир Срна.

Левиот бек на францускиот Монпелје се повреди во првото полувреме од дуелот со Словенија, а во вториот дел воопшто не се појави во салата. Дека станува збор за сериозен проблем со задната ложа, потврди и селекторот Дагур Сигурдсон, кој по натпреварот беше јасен.

„Сега го загубивме и Срна и ќе мора да најдеме замена за него“, изјави Исланѓанецот по победата над Словенија од 29:25.

Во продолжението на натпреварот целосно ја искористи шансата Тин Лучин, кој беше главното напаѓачко оружје на хрватскиот тим во Малме.

Сепак, останува отворено прашањето дали Сигурдсон ќе се одлучи и за дополнителна промена во составот на позицијата лев бек пред пресметката со Унгарија.