Team Croatia, SF1 - Germany vs Croatia, EHF Men's Euro 2026, Herning, Denmark, 30.01.2026, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Шок за Хрватите пред мечот за бронза – вирусна инфекција, повраќање цела ноќ…

Хрватските репрезентативци се соочуваат со сериозни здравствени проблеми пред денешниот натпревар за бронзениот медал против Исланд (15:15) на Европското првенство во Данска.

По полуфиналниот пораз од Германија, дел од репрезентативците се погодени од вироза, што создава дополнителни главоболки за селекторот Дагур Сигурдсон. Посебна грижа претставува состојбата на првиот голман Доминик Кузмановиќ, кој по дуелот со Германија добил вирусна инфекција и имал сериозни стомачни проблеми. Слични симптоми почувствувал и Филип Главаш.

Дополнителен проблем за стручниот штаб е и повредата на Давид Мандиќ. Тој добил силен удар во листот уште на почетокот од полуфиналниот натпревар. Направените лекарски прегледи покажале дека нема кинење на мускулот, но е присутен голем хематом. Поради тоа, Мандиќ го пропушти тренингот, но од хрватскиот табор се надеваат дека ќе биде подготвен за настап.

Селекторот Сигурдсон потврди дека Мандиќ останал на терапии и дека постои реална можност да биде во комбинација за денешниот натпревар.

И покрај сите проблеми, Хрватска ќе се бори за уште еден медал на големите натпреварувања. Дуeлот со Исланд доаѓа по разочарувањето од полуфиналниот пораз од Германија, по кој „коцкестите“ останаа без пласман во финалето. Во хрватскиот табор владее став дека, и покрај здравствените и психолошките предизвици, тимот мора да го даде својот максимум.

Од стручниот штаб потенцираат дека натпреварите за медал секогаш носат голем психолошки товар, особено кога двете селекции влегуваат во дуелот по болен пораз во полуфиналето.