Екипата на Фленсбург во натпревар од 3. коло од главната фаза во Лигата на Европа одигра само реми на гостувањето во Франција кај Тулуз, 35:35.
За време на натпреварот повреда заработи еден од главните играчи во бундеслигашот, левиот бек Симон Питлик.
Данецот заработи фрактура на десната подлактица, а од Фленсбург соопштија дека Питлик ќе мора да оди на операција.
Иако не е познато колку долго ќе трае неговата пауза, сепак, извесно е дека германскиот тим ќе мора подолг временски период да се справува данската ѕвезда.
Фленсбург допрва го очекуваат тешки битки, бидејќи составот на Алеш Пајовиќ е еден од претендентите за освојување на титулата во Бундес лигата.
Покрај високите аспирации на домашна сцена, Фленсбург посакува и пласман на Ф4 турнирот во Лигата на Европа.