Шок за фановите на Ференцварош – неочекувано си замина столбот на одбраната

Поранешната француска репрезентативка Беатрис Едвиж и унгарскиот Ференцварош го раскинаа договорот.

Иако таа имаше активен договор со унгарскиот клуб, сепак како што објавија од Ференцварош тој е раскинат со взаемна согласност.

Ова е шок за фановите на Ференцварош пред стартот на новата сезона, кои се надеваа дека Едвиж и понатаму ќе биде столбот на одбраната на клубот.

Причините за прекинот на соработката не се соопштени, но многу веројатно Едвиж ќе се врати во татковината.

Таа потекнува од Сел Сир Бел, играше пет години за Дижон, па две за Ница, три за Мец, две за Ѓер, кратко беше дел од Ростов Дон пред да дојде во Ференцварош.