Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер објави дека иранскиот голман Сеид Хеидарирад ќе паузира на неодредено.
Тој ја обнови повредата со која се здоби на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид и ќе мора да биде надвор од терените.
Станува збор за парцијална руптура на задната ложа, а допрва ќе биде познато колкава ќе биде паузата на „нинџа“.
Хеидарирад имаше важна улога во стартниот триумф на македонскиот првак над Загреб во Лигата на шампионите.
Тренерот Рубен Гарабаја ќе ги има на располагање Никола Митревски и Давид Брестовац за следните натпревари во Лигата на шампионите и Супер лигата.