📷 Шок во Веспрем: Дански судија се онесвести среде меч, итно пренесен во болница!

Данскиот судија Јеспер Мадсен се онесвести во „Веспрем Арена“, каде се игра натпревар од Лигата на шампионите.

На крајот на првиот дел, Мадсен загуби свест, па мечот меѓу Веспрем и Спортинг Лисабон продолжи со еден судија.

Бидејќи Мадсен ја напушти салата на носилки и итно беше пренесен во болница, неговиот партнер Мадс Хансен сам ќе го води мечот до крајот.

За разлика од натпреварите на ЕП или СП, на дуелите во Лигата на шампионите нема резервни судиски парови.

Мадсен и Хансен беа арбитрите што предизвикаа лавина реакции со своето судење на мечот меѓу Македонија и Холандија на СП 2025.