Кружниот напаѓач на Унгарија, Бенце Банхиди, нема да игра на претстојното Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Поради повреда на коленото, селекторот Чема Родригез, нема да смета на еден од најдобрите поединци.
Тој ќе мора да се потпре на услугите на Миклош Рошта, Адријан Сипос и Тамаш Пап на пивотменската позиција.
Унгарија е во група со Италија, Полска и Исланд.
























