Шок во Келце: Томаш Гебала заминува по шест сезони!

По завршувањето на оваа сезона, полскиот репрезентативец Томаш Гебала повеќе нема да биде дел од полскиот првак Келце, откако договорот беше спогодбено раскинат.

Гебала се приклучи на клубот во 2019 година, но есенската полусезона ја пропушти поради тешка повреда на коленото. Се врати на теренот и стана важен дел од тимот, особено во одбраната.

Иако играше на позицијата лев бек, навивачите најмногу ќе го паметат како лидер во дефанзивата.

За време на престојот во клубот, Гебала освои четири шампионски титули, а два пати со Келце играше во финалето на Лигата на шампионите.

Оваа разделба доаѓа неочекувано за Талант Душебаев и не беше најавена, па Келце ќе мора да се активира на трансфер пазарот и да најде соодветна замена за Гебала.