Швајцарецот Енди Шмид од ова лето ќе биде тренер на швајцарскиот вицепрвак Криенс Луцерн, екипа со големи амбиции која посакува да го симне Кадетен од тронот.
Шмид ќе има паралелна работа како тренер на Криенс и селектор на Швајцарија, со која има договор до 2028 година.
Тој влегува во друштвото на Кирил Лазаров (Автокоманда/Македонија), Талант Душебаев (Келце/Франција), Хота Гонзалез (Бенфика/Полска), Урош Зорман (Слован/Словенија)…на тренерите кои имаат двојни улоги.
Во Криенс Луцерн на лето доаѓаат голманот Кристијан Пилиповиќ, левиот бек Никола Билик, пивотот Лукас Хербургер…а таму играат Радојица Чепиќ, Марин Шипиќ, Кевин Бонефуа….
























