Некогашниот член на Вардар, Данил Шишкарев, го продолжи договорот со руската ЦСКА Москва за уште една сезона.
Тоа значи дека десното крило ќе продолжи со активното играње ракомет најмалку и наредната сезона во руската престолнина.
Шишкарев дојде во 2022 во ЦСКА Москва, освои две титули во рускиот шампионат, како и трофеи во Купот и Супер Купот на Русија.
Русинот мина шест сезони во Вардар, со кој освои две титули во Лигата на шампионите, но и многу трофеи во домашните конкуренции и во СЕХА лигата.
По заминувањето од Вардар, по една сезона мина во унгарскиот гигант Веспрем и рускиот Чеховски Медведи.
























