Македонскиот првак Еурофарм Пелистер одигра добар натпревар, но сепак беше поразен на гостувањето кај ПСЖ со 31-26.
Кружниот напаѓач Камил Шипжак вели дека битолчани им правеле проблеми 45 минути, но потоа ПСЖ наметнал свој ритам.
„Честитки за тренерот и играчите на Еурофарм Пелистер, но и за моите соиграчи за остварената цел. Против себе имавме екипа која беше за нас непознаница, но која играше сплотено и компактно како тим. Заради таквата игра имавме проблеми 45 минута, но потоа се наметнавме и заслужено победивме“, вели Шипжак.
Следен предизвик за ПСЖ ќе биде мечот со Алборг на домашен терен, а Еурофарм Пелистер ќе гостува кај Загреб.