Шилегов леташе по теренот, неготинци со два бода в џеб од Ресен

Тимот на Преспа пружи голем отпор, особено во првиот дел против фаворитот Вардар Неготино, но на крајот загуби со 25-19.

По играта гол за гол до 10-10 во првите дваесетина минути, кога неготинци се мачеа да го наметнат својот ритам, тоа им успеа пред паузата.

Тогаш ги казнија сите грешки на домаќините, погодуваа Шилегов, Митевски, Бикоски…за 15-10 на паузата.

Во вториот дел беше полесно, Вардар Неготино отиде и на плус осум и рутински го одработи финишот на мечот.

Предводник на неготинци беше Мице Шилегов со 11 гола, додека Мартин Табаковски постигна шест погодоци за Преспа.