Mице Шилегов ќе „тресе“ мрежи за Бутел Скопје

Тимот на Бутел Скопје во пролетниот дел од сезоната ќе биде посилен за десното крило Мице Шилегов.

Шилегов доаѓа од прволигашот Вардар Неготино, каде играше во есенскиот дел на сезоната и беше најдобар стрелец.

Станува збор за искусен ракометар, кој потекнува од тимот на Металург, а во вториот тим играше до 2017 година.

Потоа беше прекомандува во сениорскиот тим каде остана до 2021 година. Мина една сезона во Охрид, беше дел од Голден Арт две сезони, а играше и за Пролет.

Зад себе има настапи и во кадетската и младинска репрезентација на Македонија. Бутел Скопје претходно се засили со пивотот Матеј Марковски и левиот бек Христијан Ѓурмешевиќ.