Шехтанска го водеше Куманово до триумф над Пелистер

Тимот на Куманово по четири меча без триумф, им се врати на победите, откако на домашен терен го победи битолски Пелистер со 24-17.

Ангела Шехтанска беше предводничка на составот на Славиша Димитријески и успеа да постигне седум гола во противничката мрежа.

Нерешено беше само на стартот, 1-1, потоа се беше во знакот на домаќинките, иако битолчанки имаа повремени блесоци.

Куманово на паузата водеше со 14-10, во вториот дел гостинките намалија на минус два, но немаа сили за камбек.

Домаќинот „нагази“ и веќе немаше назад за битолчанки, па до крајот одигра само рутински и ја заокружи убедливата победа.

Покрај Шехтанска, за домашниот состав Ѓорѓиевска постигна четири гола, а во гостинскиот состав пет гола постигна Елмазовска.