Шампионот Ѓорче Петров стартуваше со победа во пролетниот дел од сезоната во Женската лига, откако славеше против Пелистер со 46-12.
Нерешено беше на само на стартот, 1-1, а потоа се беше во знакот на домаќинките. До крајот на полувреме избраничките на Симе Симовски стигнаа до плус 19, 25-6.
Победникот беше познат уште по првите 30 минути, а второто полувреме беше како посилен тренинг за шампионот пред европските настапи.
Најдобри стрелци во редовите на Ѓорче Петров беа Ризоска со девет, како и Божиноска и Ѓорѓиевска со по седум гола, додека кај Пелистер, шест погодоци постигна Рујановска.
Во следното коло Ѓорче Петров кој има 14 од 14, ќе гостува кај Стружанка, додека Пелистер го пречекува Чаир.