Шампионот се раздели со седум ракометари – заминуваат Танкоски, Кизиќ, Лесјак…

Шампионот Еурофарм Пелистер на крајот од оваа сезона се раздели со седум ракометари што го носеа зелениот дрес.

Станува збор за триото голмани Марко Кизиќ, Калифа Гедбан и Урбан Лесјак, како и пивотите Денис Василев и Матеуш Пиеховски.

Покрај нив од Битола ќе заминат и францускиот интернационалец Руди Сери и македонскиот среден бек Марио Танкоски.

Досега потврдени засилувања се на голманската позиција – Никола Митревски од португалскиот Порто и Филип Ивиќ од францускиот Шамбери.

Македонскиот првак допрва ќе се засили на бековските позиции и на позицијата кружен напаѓач.