Охрид сезонава повеќепати имаше шанса да земе „голем скалп“, но никако да стигне до тоа. Но, како што минува времето веројатно тоа ќе се случи многу брзо. Во меѓувреме актуелниот шампион Еурофарм Пелистер го преживеа „вулканот“ во Охрид и заминува со важни бодови кои ќе му требаат во обидот за одбрана на тутулата. Еурофарм Пелистер победи со 26-23 (12-11) и го презеде лидерското место на табелата по 2 коло од плејофот.
Домашните ракометарии тргнаа одлично на мечот. Водството од 4-1 во 6. минута даваше надеж дека можеби конечно е време охриѓани да освојат бодови на дуелите со Еурофарм Пелистер. Имаше шанса Охрид да зголеми и на „плус 5“, но не искористи, а потоа искусниот шампион за девет минути направи пресврт, и поведе со 7-5.
Целосно се сврте играта, сега Еурофарм Пелистер диктираше, а Охрид се обидуваше да израмни. И успеа после 4 минути преку Сафранко. Но, охрижани премногу лесно ги пропушаа своите шанси. Особено што во последната минута Чаневски прво одбрани пенал, а потоа во последните секунди Сафранко не реализираше чиста ситуација за реми. Никола Митревски беше подобра, со своите пет одбрани.
Домашниот тим на овој меч ги нема бековите Орјоникидзе и Мацуока, а во послените минути од првото полувреме се повреди Ловро Јотиќ кој дотогаш имаше пет голови. Тренерот Стефче Алушовски бараше решение како да ја пополни таа дупка на левата бековска позиција.
Неизвесноста пак се врати со почетокот на вториот дел, откако Охрид веднаш израмни, па и поведе со 13-12. Гостите мораа да бидат подобри, посконцентрирани а тренерот Алонсо мораше д аго внесе во игра и Жарко Пешевски н алинијата од шест метри. Тргнаа гостите со добра игра, па сега тие ја имаа резултатската контраола, и водство. Но, Охрид „дишеше во врат“ и секогаш се обидуваше, и успеваше да израмни.
Последните десет минути донесоа нова незивесност, бидејќи Сафранко во 51 минута му донесе водство на Охрид ос 21-20. Но, откако потоа не ги искористија своите шанси, Еурофарм Пелистер направи пресврти, и поведоа со 22-21. Откако под закана за пасивна игра Охрид не реализираше, во полуконтра Радивојевиќ зголеми на 23-21.
Потоа Никола Митревски му го одбрани пеналот на Гал Цирар, не дозволувајќи им на домашните да намалат. Но, топката се одби кај охриѓани, и во еден долг напад Цирар се извади и намали на 23-22.
Последните две минути беа во знакот на гостите, кои постигнаа три а примија само еден гол, за триумф од 26-23.
Филип Кузмановски со 12 гола беше најефикасен играч на средбата и во тимот на Еурофарм Пелистер. Богдан Радивојевиќ постигна 7 гола за битолчани. Кај домашните Рудолс Сафранко даде 7, а Ловро Јотиќ и Гал Цирар по 5 гола.