Шампионот Ѓорче Петров продолжува со победите во Супер женската лига, откако славеше над Пелистер со 38-13.
Победникот беше познат уште по првото полувреме кога „лавиците“ водеа со 18-7, а вториот дел беше само формалност.
Шанса за настап добија сите ракометарки кои беа на клупите на двете екипи, па во вторите триесетина минути паднаа повеќе голови.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Исиќ и Дукоска со по пет гола, а за битолчаки четири пати стрелаше Тодоровска.
Чаир е прв на табелата со 16 бодови, додека Ѓорче Петров и Металург Автокоманда се на делба на второто место со по 15 бода.

























