Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе биде предводен од Стевче Алушовски во наредниот период.
По кратката пауза откако го заврши ангажманот во Охрид, Алушовски му се враќа на ракометот и најмалку до крајот на оваа сезона ќе води македонскиот првак.
„Нашиот нов почеток во 2026 година е поврзан со добро познато име. Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер. Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд. Прозивката на новиот тренер е закажана за в среда (14 јануари) во 17:00 часот“, напишаа од битолчани.
Алушовски во Македонија беше на клупите на исландскиот Тор Акурејри, Охрид, Вардар, Еурофарм Работник и Пелистер, а сега одново се враќа во Битола.
Македонската легенда доаѓа на местото на Шпанецот Рубен Гарабаја, кој се раздели со клубот на почетокот на декември.























