Шампионот на Кувајт го бара Карачиќ

Легендата на Вардар, Игор Карачиќ, би можел својата кариера да ја продолжи на азискиот континент.

Според „RTHandball“, поранешниот хрватски репрезентативец е на пат да го засили тимот на Кувајт спорт.

Шампионот на Кувајт го посакува во своите редови Карачиќ, кој по шест сезони заминува од полскиот Келце.

Организаторот на играта има понуди и од Европа, па допрва ќе биде јасно каде ќе ја продолжи кариерата.