Шампионот ќе игра во ЕХФ Купот, Македонија со четири претставници во Европа!

Maкедонија ќе има четири женски претставници во европските купови на ЕХФ во претстојната натпреварувачка сезона.

Шампионот Ѓорче Петров не го искористи правото за настап во Лигата на Европа и во сезоната 2025/26 ќе игра во ЕХФ Европскиот Куп.

Македонија според рејтингот, можеше да пријави една екипа во Лигата на Европа и три во ЕХФ Европскиот Куп, но сите четири претставници ќе бидат дел од третото по ранг европско клупско натпреварување.

Вицепрвакот Металург Автокоманда, како и Чаир, кој лани испиша клупска историја во ова натпреварување, и сезонава ќе бидат дел од истото.

Покрај овие три тима, на европска сцена по кратка пауза ќе се врати и тимот на Куманово.