Ракометарките на Ѓорче Петров продолжуваат победнички во Супер женската лига и славеа на мечот со Куманово повеќе од убедливо со 42-20.
Избраничките на Александар Царчев немаа никакви проблеми во двобојот на актуелниот и некогашниот првак, и по првиот дел го најавија победникот.
Домаќинките водеа со 22-10, а вториот дел беше шанса да играат сите ракометарки од двата тима, но разликата само се дуплираше.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа трите репрезентативки – Дамјаноска, Гугуљанова и Ризоска со по шест гола, а Азеведо даде седум за Куманово.

























