Шампионот Ѓорче Петров се врати на победничките патеки по поразот од екипата на Чаир во претходното коло, откако избраничките на Симе Симовски славеа против Астибо со 41-12.
„Лавиците“ го решија мечот со „амазонките“ уште по првото полувреме, кога имаа огромна предност од 12 погодоци, 18-6.
Второто полувреме беше шанса за ротација на сите ракометарки, воигрување на нови комбинации пред новите домашни и меѓународни предизвици.
Во нападот предничеа крилата Стефанија Ѓорѓиевска со 11 и Емилијана Ризоска со осум погодоци, а кај Астибо по четири гола имаа Марија Анчева и Сара Кировска.
Во следното коло Ѓорче Петров ќе игра дерби против Металург Автокоманда, додека Астибо ќе го пречека Чаир.