Шампионот Ѓорче со „два налети“ го реши Куманово

На Ѓорче Петров му беа потребни два добри „налети“ и период во кој во серија постигнуваше голови за да триумфира на дуелот со Куманово, 31-21 во првото коло од женската Супер лига.

Почетните 7-3 за 11 минути беа првиот период во кој домашниот тим резултатски се одлепи. Но, гостите иако аутсајдери до крај на полувреме намалија на само еден гол, и заминаа со негатива 12-13.

Само што почна второто полувреме, Куманово намали на 14-13 во 33 минута. И тоагша дојде „вториод бран“ на ѓорчепетровки. За 11 минути направија серија со која поведоа 21-15 и пак резултатски се одлепија.

Овојпат не дозволија ривалот да им се приближи и на крај победата беа потврдена, со триумф 31-21.

Емијија Ризоска и Катерина Дамјановска со по 7 гола беше најефикасна кај Ѓорче Петров, Мариана Силва Азеведо со 10 гола најпрецизна кај Куманово.