Македонскиот шампион Ѓорче Петров одигра два контролни натпревари со тимот на ПАОК Солун, како дел од подготовките за европските настапи.
Ѓорчепетровки по минималниот пораз на првиот натпревар со 25-24, му се реваншираа на грчкиот тим и славеа со 26-23.
Избраничките на Симе Симовски уште по првиот дел ја најавија победата на овој дуел, кога водеа со плус четири, 16-12.
Македонскиот првак утре го очекува и првиот натпревар во новата сезона на домашно тло во рамките на Женската лига, а во „Христо Батанџиев“ ќе гостува Шампион.