Шампионот Ѓорче Петров му даде 42 гола на Астибо

Македонскиот шампион Ѓорче Петров запиша нова убедлива победа во Супер женската лига, откако славеше над Астибо со 42-27.

Астибо тргна одлично, поведе со 4-1, имаше и 6-3, а долго време одржуваше егал. Пред паузата „лавиците“ ја направија клучната предност и отидоа на плус пет, 20-15.

Во второто полувреме Ѓорче Петров доминираше на теренот и постигна уште 22 гола за убедлив триумф пред дербито со Металург Автокоманда.

Најдобар стрелец во победничката екипа беше Стефанија Ѓорѓиевска со десет гола, а осум даде Ана Вранчиќ, додека кај штипјанки, Марија Анчева постигна девет.

На табелата лидер е Металург Автокоманда со 21 бод, Ѓорче Петров е втор со 19, додека Чаир е на третото место со 18 бодови.