Актуелниот шампион Ѓорче Петров го реши тренерското прашање до крајот на оваа сезона. На клупата на „лавиците“ ќе продолжи да седи Александар Царчев, кој ја вршеше истата функција по разделбата со Симе Симовски во ноември.
Царчев го презема тимот на 11 ноември на гостувањето кај Куманово, а оттогаш до крајот на полусезоната клубот под негово водство запиша шест победи, меѓу кои и на дерби натпреварите против Чаир на гости и Металург Автокоманда дома.
Станува збор за стратег кој претходно работеше во вториот тим на Ѓорче Петров 2, а ја води и пионерската екипа на „лавиците“, а низ кариерата беше во стручните штабови на машката и женската екипа на Вардар.
Ѓорче Петров го заврши есенскиот дел на врвот на табелата со 23 бода, исто колку што има и Металург Автокоманда, но послаб меѓусебен скор со „лавиците“, а Чаир е трет со 22 бодови, па јасно е дека не очекува интересна и возбудлива пролет.

























