Шампионот Ѓорче Петров ги задржа двете Гвинејки: Кадиату и Мацире остануваат „лавици“

Македонскиот шампион Ѓорче Петров ја продолжи соработката со двете интернационалки од Гвинеја, Санкон Кадиату и Камара Мацире.

Десното крило Кадиату, која има 20 години и десниот бек Мацире, која има 19 години, дојдоа на стартот на минатата сезона, играа и на двата меча од Лигата на Европа, како и во домашното првенство.

По голманката Флавија Габина, Милица Николиќ, Катерина Дамјаноска, Ива Велкова, Емилијана Ризоска и Мила Ѓорѓиевска, Ѓорче Петров ги задржа и двете Гвинејки.

Претходно „лавиците“ ги засилија своите редови со голманката Марија Јовановска, левото крило Стефанија Ѓорѓиевска, пивотот Анастасија Трпеска, како и сестрите Бојана и Борјана Коцеви.