Шампионот го потврди ростерот – 21 пелистерец за битките на сите фронтови

Македонскиот шампион ќе има 21 ракометар во ростерот за претстојната сезона во која ќе се бори на домашната и меѓународната сцена.

Битолчани го открија составот кој ќе му биде на располагање на новиот шпански стратег Рубен Гарабаја.

Овие 21 ракометар ќе се борат за своето место во составот на натпреварите од Супер лигата, Купот на Македонија, како и Лигата на шампионите.

Пелистерци ќе се подготвуваат на Златибор, а потоа и на турнирите во Охрид и Скопје пред првиот официјален меч од новата сезона.

Тоа ќе биде дуелот од Супер Купот против најголемиот ривал Вардар, кој е закажан за 3 септември на место што дополнително ќе биде утврдено.