Од денеска на пладне започна продажбата на сезонските билети за сите симпантизери и поддржувачи на шампионот Еурофарм Пелистер.
Тие се продаваат по цена од 7.000 денари за централните места на трибините, односно 6.000 денари за страничните делови на трибините.
Со сезонскиот билет навивачите ќе можат да ги следат натпреварите на Еурофарм Пелистер во тековната Супер лига, исто така натпревари од Купот на Македонија и натпреварите од Лигата на шампиони.
Во тој билет се вклучени и натпреварите на Еурофарм Пелистер 2 од македонската Супер лига, a ќе се продаваат ТУКА.
Елитната македонска конкуренција стартува на 6/7 септември, додека првата рунда од Лигата на шампионите се игра на 10/11 септември.