Шампионот ги пушта во продажба сезонските билети – еве ги деталите

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер објави дека стартува продажбата на сезонските билети за претстојната сезона.

Порано во споредба со минатите сезони, пелистерци ја најавуваат кампањата за сезонските билети, а нивната резервација стартува од понеделник.

До петок ќе бидат отворени резервации, а уплатата ќе треба да биде извршена до стартот на првиот натпревар.

Цените на сезонските билети, во зависност од местото на седење во салата „Боро Чурлевски“ се 6.000, односно 7.000 денари.

Поединечните билети за натпреварите од Лигата на шампионите ќе чинат 450, односно 550 денари во зависност од местото на седење.