Македонското ракомет „Ел класико“ во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар го доби актуелниот шампион, и тоа со добра игра, за само „десет минути“ во второто полувреме, колку што траеше налетот на зелените кои победија со 27-21 (10-10) во првото коло од плеј офот во домашното првенство. Сега Еурофарм Пелистер го „прескокна“ Вардар на табелата и ја има предност, но останува и реваншоот во Скопје, и уште 13 кола пред да се реши прашањето кој ќе биде шампион. Второт меч сезонава во Битола меѓу овие два тима завршува во корист на домаќините.
Периодот од 37 до 47 минута беше клучен, во кој Еурофарм Пелистер направи предност од „плус 5“ и веќе водеше со 19-14. Словенецот Домен Тајник имаше фантастичен период во кој даде четири гола, а домаќините направија предност со која уште повеќе ја запалија салата, која ионака „крцкаше“ и секој сантиметар беше исполнет со навивачи.
Промената на голманот кај пелистерци, и влегувањето на Урбан лесјак им даде и плус сила и мотив на домаќините, а токму словенечкиот репрезентативец имаше неколку клучни одбрани во периодот кога неговиот тим ја правеше предноста.
Потоа предноста се зголеми на 21-16, а во последните десет минути од мечот пелистерци имаа предност која беше „плус ‘’, но и иницијатива и мотив повеќе да го завршат победнички овој натпревар. Таа предност се покажа како клучна до крајот на мечот.
Еурофарм Пелистер – Вардар
Дека нијанси ќе решаваат на дуелот покажа првиот дел од средбата во кој ниту еден тим не успеа да има повиоска предност од еден гол. И двата тим асе менуваа во водство, но само со по еден гол разлика. Иако вардарци имаа можност да „скокнат“ на два гола предност сепак домашните не им доволија, па сите 30 минути имаше борба, особено на линијата од шест метри. Тешко поминуваа ударите и упатените топки.
Скопјани сакаат да извадат „џокер“ од ракавот пријавувајќи го во составот и пивотемнот Стојанче Стоилов, но тој влезе само во еден напад на својот тим. Целиот товар на пивотменската позиција го издржа Милан Лазаревски.
Домаќините одиграа цврста одбрана во која успеаја да ги сопрат вообичаените удари на вардарци од девет метри, но затоа не можеа да ги спречат „влезовите“ на Матија Николиќ и Томислав Јагуриновски. Во нападот имаа свои минути и Цехте и Борсаш. Ремито на полувреме беше најреален исход, но второто полувреме беше целосно со доминација на битолчани.
Филип Кузмановски со 8 гола беше најефикасен на средбата и во редовите на Еурофарм Пелистер, а еден помалку даде Домен Тајник.
Кај гостите Матија Николиќ постигна 5 гола, а четири даде Милан ЛАзаревски