Шампионот Еурофарм Пелистер со „услуга“ за Вардар

Од вајлд-картата на македонскиот првак Еурофарм Пелистер за Лигата на шампионите, ќе профитира и вицепрвакот Вардар.

Иако според пласманот и рејтинот на Македонија, битолчани ќе добиеја директно место во групите од ЛЕ, а „црвено-црните“ требаше да играат квалификации за Лигата на Европа, сепак тие ќе добијат директно место во групната фаза, откако стана јасно дека Еурофарм Пелистер ќе игра во Лигата на шампионите.

Третиот македонски претставник во Европа, „сино-белите“ од Автокоманда, побара „апгрејд“ за ЛЕ, но дали ќе играат квалификациите или директно во група останува да потврди ЕХФ.

Охрид ќе профитира ако се усвои барањето за вајлд-карта на тимот на Лазаров за ЛЕ, па би требало да биде меѓу носителите во второто коло на ЕХФ Европскиот Куп.

Тиквеш и Бутел Скопје исто така побараа вајлд-карти за ова натпреварување, кои доколку ги добијат, Македонија би имала шест претставници во европските купови.