Шампионот Еурофарм Пелистер ја преживеа драмата во Охрид и остана во игра за врвот

Полна сала, навивачи на двата клуба, многу борба во која бодовите ги освои Еурофарм Пелистер победувајќи со 25-27 (16-13) во дербито на 18 коло. Иако гостинот имаше водство во текот на целиот меч во самата завршница имаше драма во која „една топка“ го реши победникот.

За Охрид ова беше можност да фати приклучок и можност да се замеша во борбата за трето место, што би им донело пренесување на два бода во плејофот. На Еурофарм Пелистер му требаа бодови за да остане во игра за првото место кое носи три бода на почетокот од разигрувањето за титулата.

Домаќините покажаа дека успешно може да се организира меч со присуство на двете навивачки групи, со коректна атмосфера и со целосно бодрење на сопствениот тим. Предуслови за вистинско дерби.

Охрид од 11 минута мораше да игра без Гал Цирар кој доби директен црвен картон откако при изведување на пенал го удри директно во главата на гостинскиот голман Филип Ивиќ. Тоа беше во моменти кога резултатот беше 4-4 и домаќините имаа шанса да поведат. Но, наместо водство на „сините“ иницијативата и резултатската предност беше во рацете на Еурофарм Пелистер.

Не го искористија домаќините подоцна ниту исклучувањето на Илија Абутовиќ, па гостите имаа серија со која го зголемија водството на 7-4. На половина од првиот дел тренерот Стевче Алушовски мораше да бара тајмаут, но разликата до 3-4 гола остана и понатаму остана во корист на гостите.

Охриѓани не се предаваа, но проблем беа нивните нереализирани напади и некои технички грешки со кои му дозволија на ривалот да има предност. Во последните пет минути од средбата Охрид намали на само „минус 1“ (12-13) и добија шанса повторно да израмнат. И пак проблем беше лошата реализација, па пелистерци си направија солидна залиха од 16-13 со која заминаа на полувреме.

Никола Митревски имаше шест одбрани во овој дел од средбата, наспроти двете на Чаневски, па и тие детали решаваа. Голманите беа порасположени за бранење токму во првиот дел, додека во вториот тешко ги запираа упатените удари кон нив.

Стартот на вториот дел беше во знакот на многуте технички грешки на двете страни, што не го искористија домашните да се приближат резултатски, а Еурофарм Пелистер искусно, погоди кога требаше и повторно разликата беше „плус 4′ за гостите (19-15).

Ако Еурофарм Пелистер се понадева дека може брзо да го реши мечот, домашните мислеа поинаку и за две минути намалија на 17-19, па и се одбранија, доаѓајќи во шанса пак да дојдат на само еден гол заостанување. И повторно техничка грешка во напад давајќи му шанса на гостинот да реализира преку Самоил Ристевски.

Стигнаа домашните до „минус 1„ на само 20-21, и примија повторно гол со која мораа да бркаат два гола. Но, сега тој еден гол беше веќе достижен, а имаше уште 11 минути до крај на средбата.
Бобан Ристевски му одбрани пенал на Филип Кузмановски, но во следниот напад гостите најдоа пукнатина во одбраната и повторно беше „плус 2“.

Во последните пет минути се влезе со предност од 25-23 за гостите, а Никола Јукиќ од пенал намали на 24-25 за драма во финишот. Но, искусните гости знаеја да ја искористат секоја пукнатина и можност и зголемија на 26-24 преку Тајник кој за пет минути даде три од петте гола дотогаш на мечот.

На 120 секунди до крај Охрид имаше негатива од 25-27, но и напад за намалување на резултатот. Тренерот Алушовски побара тајмаут за да се договори акцијата пд која треба да се профитира. Јапонецот Мацуока изнуди пенал, а Никола Јукиќ не го совлада Филип Ивиќ, што беше шанса за гостите да почната да слават иако имаше уште амо една минута.

Најефикасен во победничката екипа беше Усама Хосни со седум погодоци, пет додадр Домен Тајник. Кај Охрид се истакна Теимураз Орјоникидзе со шест реализации.

Во следното коло Еурофарм Пелистер е домаќин на Алкалоид во уште едно дерби, а Охрид треба да гостува во Скопје кај Пролет.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД18170134
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР18160232
3ВАРДАР 196118160232
4ОХРИД18131427
5ТИКВЕШ 20141892720
6БУТЕЛ1890918
7ПРИЛЕП18621014
8ПРОЛЕТ1854914
9КУМАНОВО18501310
10СТРУГА1830156
11БИСИНОВ Ф. Л.1822146
12РАДОВИШ1811163