Шампионот доби нов среден бек – потпиша репрезентативец на Македонија!

Како и претходно, така и оваа сезона најдобрите ракометари од Еурофарм Пелистер 2 ќе бидат прекомандувани во шампионскиот тим на Еурофарм Пелистер.

„Мозокот“ на Еурофарм Пелистер 2, екипа која без пораз се промовира во суперлигаш, Мирче Калајџиески е нов член на Еурофарм Пелистер.

Калајџиески има 21 година, роден во Струга, а во Битола дојде од словенечкиот клуб Слован Љубљана. Висок е 180 сантиметри, а тежок 80 килограми.

Младинскиот репрезентативец на Македонија, на крајот од јуни ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер за подготовките за сезоната 2025/26.