Ракометарките на Ѓорче Петров во натпревар од 21. коло од Женската лига одиграа како на тренинг против Скопје, забележувајќи убедлив триумф, кој што беше изразен со 37 гола разлика, 53:16.
Избраничките на Симе Симовски поведоа со 6:0 во воведните десет минути, гостинките првиот гол го постигнаа токму во 10 минута, потоа домаќинките со серија од 11:0 зголемија на 17:1 и во тој момент веќе се навестуваше високиот пораз на гостинот.
Ѓорче Петров на полувреме замина со предност од 24:6, во вториот дел одиграа во истиот ритам постигнувајќи уште 29 погодоци во мрежата на ривалот.
Најефикасна во победничката екипа беше Емилијана Ризоска со 12 погодоци, седум имаше Ева Божиновска, шест запиша Милица Николиќ.
Во поразениот табор најефикасна беше Нина Неделковска со пет погодоци, а гол помалку имаше Стефани Ристиќ.