Екипата на Шампион е последниот патник во прволигашкиот плеј-оф од групата Б, откако во претпоследното коло од регуларниот дел од сезоната немаше проблеми на дуелот со Борец.
Избраниците на Слободан Чивлачки одиграа како тренинг и пласманот во плеј-офот го прославија со убедлив триумф од 37 гола разлика, 51:14.
Денешниот дуел повеќе наликуваше на чиста формалност и во првиот дел Шампион постигна 21 гол, а прими само седум, додека во второто полувреме одигра уште подобро и додаде плус 30 гола во мрежата на гостите.
Филип Спирковски беше најефикасен во победничката екипа со осум погодоци, по седум постигнаа Стефан Огненовски и Давид Богоевски.
Кај гостинскиот состав се истакна Леон Ристов со шест погодоци, два помалку постигна Душан Крстевски.
Од групата Б во плеј-оф фазата ќе играат и екипите на Јехона, Драчево и тимот на Младост Богданци.