Селекторот Кире Лазаров ќе смета на 19 ракометари на подготовките за Европското првенство 2024 во Германија. На скратениот список го нема десниот бек Мартин Серафимов, кој има повреда, но и покрај тоа се најде во резервите.
Покрај Серафимов, меѓу резервите се најдоа и Павле Атанасијевиќ, Галевски, Аларов, Поповски, Ојлески, Стојковиќ и Младеновиќ.
На десната крилна позиција по долго време во националниот тим се враќа Никола Костески, кој ќе игра во тандем со неговиот брат Ненад.
Од поширокиот список од комбинација отпаднаа Емилијан Ѓорговски, Марко Мишевски, Филип Николов, Томче Стојановски, Валентин Карасманакис, Димитар Димитриоски, Никола Стоилевски, како и „шведскиот Македонец“ Николас Најденовски.
Македонија е во група со велесите Германија и Франција, како и со Швајцарија, а настапот на ЕП го започнува против Франција на 10 јануари.
Лазаров скрати список – 19 ракометари во конкуренција за настап на ЕП